Дали живеете здраво?

Неправилната исхрана и недостатокот на движење се причина за многу болести, како што се дебелината, кардиоваскуларните болести и некои облици на карцином. Според анкетите 35% од возрасните жени и 48% од возрасните мажи имаат проблем со тежината, а само 17,1% од мажите и 4,3% од жените се активни во слободно време. Уделот на масти во дневниот енергетски внес е значително повисок, а дневната доза на овошје и зеленчук е значително помала од препорачаното. Каде сте вие тука?
– Се движите ли 30 минути дневно?
Најдете активности во кои уживате и бавете се со нив секој ден по 30 минути. Вие ќе се чуствувате поздраво, посилно и среќно, ќе ви се зајакнат коските, мускулите и срцето.
– Дали денес појадувавте?
Појадокот треба да обезбеди 40% од дневниот внес на храна. Најдобри намирници се: житариците, интегрален леб, овошје и овошни сокови , мед, џем, млеко, сирење, јогурт, јајца и посна салама.
– Дали се храните здраво?
Јадете интегрален леб, пет оброци овошје и зеленчук дневно, повеќе риба и посно месо, слатките заменете ги со сушено овошје, користете маслиново масло, а намалете го внесот на масти, засладувачи и сол. Треба да јадете 5-6 помали оброци и вечерата нека биде лесна.
– Дали денес се напивте 8 чаши вода?
Водата е извор на електролити и минерали, нема енергетска вредност, го ослободува организмот од штетните материи, ја регулира телесната температура, го олеснува варењето и го одржува здравјето и убавината на кожата.