Дебелината го уништува мозокот

14 март, 20110
debelinata i mozokot

Американските научници дошле до заклучок дека со текот на годините тежината има влијание на мозокот. Поточно, мозокот на дебелите луѓе се намалува после 40-та година.

Во студијата биле вклучени волонтери од 40-60 годишна возраст. Тие биле поделени во три групи, во зависност од телесната тежина (нормални, тешки и дебели). Од нив било побарано да решат неколку комплексни проблеми. Активноста на мозокот била мерена со користење на магнетна резонанца.Резултатите покажале дека кај дебелите луѓе функционалноста на мозокот била значително намалена. Покрај тоа степенот на атрофија на мозокот е директно поврзана со индексот на телесната маса. Истражувачите забележале дека кај дебелите луѓе била развиена атрофија на мозокот во повеќе области одеднаш, на фронталниот лобус, хипокампусот, итн. Во споредба со особите со нормална тежина оваа појава била помала за 8%.

Покрај тоа докажано е дека дебелината го зголемува ризикот од развој на малоумност со годините, изјавува магазинот Health.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *