Дејвид Коперфилд сеуште има магионичарска искра…Станал татко пред 16 месеци без никој да дознае :)

15 август, 20110
david copperfield

Познатиот, 54 – годишен илузионист Дејвид Коперфилд, кој се прослави преку неговата “моќ”, со која направи да исчезне американската Статуа на слободата, станал татко пред 16 месеци.

Всушност, неговата 26 – годишна девојка, француски модел Клое Госелин, во тајност се породила и никој не знаеше дека оваа двојка има дете, а двајцата се прилично изложени на медиумите.

“Заборавете на Статуата на слободата, Дејвид има нов трик – ќе ни покаже како исчезнуваат валканите пелени“, изјавил во шала неговиот менаџер, кој потврдува дека Дејвид и Клое навистина станале родители.

Додека неговиот менаџер се шали на негова сметка, Дејвид неодамна во една емисија се пошегувал со Џ. К. Роулинг, славниот писател на Хари Потер, со изјавата дека инспирацијата за книгите ја добила од наговиот живот. “Се обидов да ја добијам Џ. К. Роулинг да го решиме тоа недоразбирање, но таа е презафатена со купување на дворци на кои ќе ги потрожи парите, па немам друг избор освен да фрлам некоја клетва врз неа“, изјавил Дејвид, по што додал: “Ја испраќам оваа клетва, имаш пет дена да ги исполниш сите барања, а ако одбиеш ќе морам да те претворам во Статуа на слободата“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit