Дензел Вошингтон ќе добие почесен докторат
23 март, 20110

Оскаровецот Дензел Вошингтон на 16 мај ќе добие почесен докторат од Универзитетот Пенсилванија. Тој на свеченоста ќе одржи говор пред 5000 дипломци. Инаку, на истиот тој универзитет е неговиот син кој е студент во втората година.
Вошингтон го употреби целиот свој актерски талент како најдобро би ги изнел најзначајните социјални и историски проблеми пред јавноста, пишува во изјавата на универзитетот.
Освен него, почесен докторат ќе добие и Џојс Керол Оутс.