Почина Елизабет Тејлор

23 март, 20110
Elizabeth-Taylor-hospital

Славната холивудска глумица Елизабет Тејлор почина на 79 години, потврди претставник за печатот на ЦНН. Таа беше хоспитализирана пред два месеци во болницата Сидар Синај, поради проблеми со срцето. Нејзиното здравје беше центар на внимание во изминатиот период за светските таблоиди. По отстранувањето на туморот на мозокот во 1997 година, неколку години пред тоа и беа ставени вештачки колкови, а во 2006 година се појави на една ТВ емисија за да демантира дека боледува од Алцхајмерова болест. Глумицата беше добитник на два Оскари. Родена е токму на овој ден на 27 февруари 1932 година во Лондон. Нејзиниот бурен живот и донесе осум брака, две ќерки и два сина.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi