Таткото на дете кое боледува од рак на мозокот, признава пред медиумите дека на синот му давал канабис за намалување на болката и гадење.
Кеш Хајд (2) од Монтана роден е како потполно здраво бебе во јуни 2008година, но пред вториот роденден се разболел и лекарите им соопштиле на родителите дека детето има тумор на мозокот.
Детето било подложено на мачна хемотерапија која го намалува растот на туморот, но и преизвикала несакани ефекти како напади и инфекција на крвта. На родителите често им напоменувале дека детето најверојатно ќе подлегне на болеста, бидејќи состојбата е многу сериозна.
По една хемотерапја Кеш бил многу слаб што неможел да ја подигне ни главата, ниту да јаде цврста храна 40 дена, неговиот татко одлучил да превземе чекор и на својот син му дал медицинска марихуана. Бидејќи лекарите одбиле да разговараат за марихуаната како опција, таткото тајно преку цевка му давал канабис на детето и на лекарите им препорачал дека можат да престанат да му даваат лекови против болка на детето, но не им открил зашто.
Според зборовите на лекарите, денес Кеш е потполно здраво дете. Вратен е дома и ужива во игрите со неговиот постар брат. Таткото смета дека канабисот му помогнал да ја преброди хемотерапијата.
“Тоа е многу контраверзно и застрашувачки, но ништо не е толку страшно како помислата дека ќе го изгубиш детето“,изјавил таткото на детето за употребата на медицинската марихуана.
Употребата на марихуана за медицински цели е легална во некои држави во САД, но многу е ретка нејзината употреба кога се работи за деца.