Дете од 2 години со тумор на мозокот, оздравело откако таткото му давал марихуана

3 јуни, 20110
Детенце од 2  години со тумор на мозокот, оздравело откако таткото му давал мариуана

Таткото на дете кое боледува од рак на мозокот, признава пред медиумите дека на синот му давал канабис за намалување на болката и гадење.

Кеш Хајд (2) од Монтана роден е како потполно здраво бебе во јуни 2008година, но пред вториот роденден се разболел и лекарите им соопштиле на родителите дека детето има тумор на мозокот.

Детето било подложено на мачна хемотерапија која го намалува растот на туморот, но и преизвикала несакани ефекти како напади и инфекција на крвта. На родителите често им напоменувале дека детето најверојатно ќе подлегне на болеста, бидејќи состојбата е многу сериозна.

По една хемотерапја Кеш бил многу слаб што неможел да ја подигне ни главата, ниту да јаде цврста храна 40 дена, неговиот татко одлучил да превземе чекор и на својот син му дал медицинска марихуана. Бидејќи лекарите одбиле да разговараат за марихуаната како опција, таткото тајно преку цевка му давал канабис на детето и на лекарите им препорачал дека можат да престанат да му даваат лекови против болка на детето, но не им открил зашто.

Според зборовите на лекарите, денес Кеш е потполно здраво дете. Вратен е дома и ужива во игрите со неговиот постар брат. Таткото смета дека канабисот му помогнал да ја преброди хемотерапијата.

“Тоа е многу контраверзно и застрашувачки, но ништо не е толку страшно како помислата дека ќе го изгубиш детето“,изјавил таткото на детето за употребата на  медицинската марихуана.

Употребата на марихуана за медицински цели е легална во некои држави во САД, но многу е ретка нејзината употреба кога се работи за деца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber