Диета со повеќе оброци

3 јуни, 20110
Fish_and_Grill

Ова е втор предлог за сите оние кои поминуваат голем дел од денот на работа, а сакаат да ослабат. Оваа диета особено е наменета за оние кои брзо огладнуваат и кои имаат потреба од тоа да внесуваат повеќе оброци. Овој режим го забрзува метаболизмот и ги топи калориите забрзано.

Предлози за појадок: Две парчиња леб, по можност да е интегрален, ниско калорично сирење. Покрај тоа може да јадете и сцежи пиперки или кромид.

Или: помешајте 100 гр младо сирење со лажичка мусли без шеќер. Изедете и 100 гр свежо овошје.

Предлози за ручек или вечера: Испечете пиперка, наполнета со ориз, а како прилог направете салата од зеленчук, зачинета со лимонов сок и маслиново масло.

Или: Обарете два компира и младо сирење

Или: Спремете скуша на скара, зачинете ја со магдонос и лимонов сок. Со ова може да земете и едно парче црн леб.

Ужината може да ја јадете секогаш кога ќе почувствувате глад, но во мали количини. Еве предлози: Парче интегрален леб намачкан со сенф, и на него ставете топено сирење

Или: 100 гр сезонско овошје

Избегнувајте: крем чорби, салати со мајонез, кобасици, пица, помфрит или поховано месо.

Јадете: бистри супи, барен зеленчук, месо на скара, риба, тестенини со зеленчук, морски плодови.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi