Дијабетесот станува глобален здравствен проблем

28 јуни, 20110
Glucose level blood test

Речиси 10% од светската популација  има дијабетес,  а бројот на заболени се постојано се зголемува.

Бројот на заболени од дијабетес за 30 години двојно се зголемил и од 152 се искачил на 347 милиони. Ова го потврдува до сега најголемата студија за дијабетес, која е спроведена од страна на Imperial College во Лондон и Универзитетот Harvard во соработка со Светската здравствена организација.

Експерите велат дека болеста се зголемува во сите делови на светот и дека веќе не е ограничена само во богатите земји, што значи дека станува глобален проблем.

Студијата предвидува дека со зголемување на бројот на заболени луѓе драстично расте и како и трошоците, бидејќи дијабетесот го зголемува ризикот  од срцев удар, оштетувања на бубрезите, слепило и инфекции.

“Дијабетесот е една од најголемите причини за смртност во светот. Нашето истражување покажа дека дијабетесот е се почеста болест скоро секаде во светот”, изјавува Маџид Езати, еден од авторите на студијата.

Постојат два типа на дијабетес, тип 1 и тип 2. Познато е дека тип 1 е автоимуна болест која се јавува во детството и болниот мора да се земе инсулин за да преживее. Тип 2 е честа форма и се јавува во 90 проценти од случаите.

Поврзан со вишокот килограми и обично се контролира со диета, вежби и лекови. Сепак, хронично покачениот шеќер во крвта предизвикува оштетување на нервите, болести на бубрезите, слепило.

Учеството на возрасни со дијабетес се зголеми за 9,8 отсто кај мажите и 9,2 отсто за жените.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi