Директор на шест години

6 април, 20110
kid_train_museum

Шест годишно момче кое обожава возови слета во неговиот сон за работна позиција како “директор за забава“ во Националниот музеј на железници во Јорк.  Можеби светот е во рецесија, но младиот Сем Поинтон штотоку беше вработен на првата работа за која аплцирал. Малиот Сем слушнал на вести дека директорот на Англискиот национален музеј за железници се повелкува и оди во пензија, па така тој едноставно знаел дека е човек за тоа место и напишал писмо зошто тој треба да го замени. Во писмото било напишано “ имам електичен воз и патека, добар сум на железничката патека и можам да контролирам два воза одеднаш“. Одборот на музејот биле импресионирани од ентузијазмот на малиот Сем и затоа решиле да го именуваат како “директот за забава“, и веќе го одржаа првиот состанок со него. “Ова е најдобрата работа на светот“ изјавил Сем за BBC. Погледнете ја апликацијата на малиот Сем.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *