Дизајнерите одлучија: погледнете што ќе се носи наредната сезона!!!

23 октомври, 20110
naslovna

Модната недела во Њујорк беше прва промоција за повеќето пролетни колекции за наредната одина. Овој мега настан, на кој учествуваат многу познати модни дизајнери, беше отскочна даска за лансирање на колекциите за наредната сезона. На модните писти се најдоа најразлични стилови и материјали. Погледнете каква мода не чека наредната пролет:

Арт деко: долги силуети и изразени остри линии беа дел од колекцијата на Ј. Мендел и Каролина Херера.

Длабоко деколте: отворени фустани со длабоко деколте ја одбележаа колекцијата на Ралф Лорен.

Жолто и многу жолто: Во колекциите на Оскар Де Ла Рента и Доо.Ри доминираа жолтите тонови.

Металик сјај: металните сјаеви со футуристички изглед се навистина хит за наредната сезона, а можевме да ги видиме во колекциите на Келвин Клајн, Ерв Леџер, Ралф Гучи и Ели Тахари.

Дигитални принтови: Интересни дигитални дезени беа претставени во колекциите на Рид Краков, Рим Акра и Вера Венг.

Спуштени ракави: Романтичен изглед со спуштени ракави можеше да се види во колекциите на Родарте и Марчеса.

Сите нијанси на розево: младешкиот изглед и розевите нијанси беа одлика на колекциите на Џејсон Ву и Питер Сом.

Софистицирана кожа: кожата, која е најголем хит оваа сезона, најде место во колекциите на Јигал Азриел и Доо.Ри.

Нијанси на портокалово: портокаловата боја беше најзастапена во колекциите на Џени Пакхам, Тиби и Марк Џејкобс.

Кошула – фустан: долгите кошули кои се носат како фустани беа претставени во колекциите на Кристијан Сиријано.

Влијание на истокот: истокот и ориентот беа инспирација за колекциите на Рејчел Рој и Крис Бенз.

Асиметрични фустани со опашка: Интересните асиметрични дизајни и фустаните ко се куси напред а долги позади беа дел од колекциите ја Ј.Мендел и Вера Венг.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi