Дизајнерските етикети ќе го направат вашиот живот подобар?

5 април, 20110
designer_logos

Вистина е, носењето дизајнерска гардероба веројатно ќе го подобри вашиот живот. Но не поради тоа што облеката е атрактивна, туку логото и етикетата се важни. Една нова студија покажува дека дизајнерските логоа на вашата гардероба, можат да ви донесат повеќе користи, вклучувајќи повеќе соработки, препораки за работа, па дури и пари од другите. Во еден експеримент, кога биле претставени слики од човек облечен во поло кошула, волонтерите вклучени во истражувањето го оцениле со поголем статус и богатство. Во друг случај волонтерите оцениле човек како посоодветен за едно работно место и поголема плата, бидејќи бил облечен во спортска марка. Истражувачите велат дека овој ефект може да се препише на фактот дека, на дизајнерските марки се гледа како на симбол на квалитет и дека само најдобрите можат да платат за нив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi