Доаѓа мини ледено доба

15 јуни, 20110
trace-sun
Активностите на Сонцето во наредните години, спротивно на очекувањата би можеле да бидат значително послаби отколку вообичаеното, заклучиле американските астрономи на годинешната конференција на Универизетот “Њу Мексико“.
Сонцето, моментално е во период кој е означен како циклус 24 и се движи кон максимумот активности кој би требал да се случи во 2013 или 2014 година.
Меѓутоа, новите истражувања покажале дека таа активност во следниот 11-годишен соларен циклус ќе биде значително послаба.
Тоа значи дека ќе има помалку сончеви бури кои инаку би можеле да ги загрозат сателитите и системите за снабдување со електрична енергија на Земјата.
Авторите на истражувањето велат дека дури може да се случи Сонцето да влезе во втор Мондеров минимум, како оној кој резултираше со мало ледено доба во Европа во периодот од 1645 до 1715 година, кога на Сонцето дури и да немало пега.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi