Дом вреден 25 милиони долари
20 април, 20110

Милијардерот и коосновачот на Мајкрософт, Пол Ален, ужива во луксузните работи, па затоа се почасти и дом на океан кој вреди 25 милиони долари. Новата куќа на Пол Ален се наоѓа во Малибу на самата плажа Каброн, позната по прекрасните и лусксузни куќи, каде живеат богатите и славните. Огромна и модерно опремена, преполна со дневна светлина благодарение на големите прозорци кои се протегаат од подот па до таванот. Како изгледаат 500 квадратни метри чист луксуз погледнете на фотографиите.