После неколку години одење по судови и пресудувања, конечно е донесена одлука која е во корист на поранешниот сопруг на Џенифер Лопез, Охани Ное. Тој има домашно видео кое е наречено “How I Married Jennifer Lopez”, на кое Џеј Ло има некои моменти кога е облечена многу малку и позира во пози од кои денес таа се срами.
Тие двајца имале потпишано договор според кој Охани нема право да го објавува видеото, но неговиот адвокат пронашол дупки во договорот па во него не стои дека тој нема право да го породаде истото. Многу наскоро ќе може да го видиме ова видео од кое Џеј Ло многу се срами.