Драматични моменти за Грција

27 мај, 20110
IMG_1533
Грција денес преживува уште еден, во серијата драматични моменти за судбината на земјата, пишува “Политика“, пренесува НетПрес.
Претседателот Каролос Папуљас свика вонреден состанок со лидерите на политичките партии со цел да ги убеди да ја поддржат рестриктивната економска програма на владата или, предупреди тој, земјата ќе се најде “во ќорсокак“. Грчката нација загрижено го чека исходот од овој состанок што ќе се одржи попладне.
Опозицијата е против понатамошни мерки за штедење. До сега сите обиди на премиерот Јоргос Папандреу да ги убеди да попуштат не дале никаков резултат, иако политичкиот консензус е услов Грција да ја добие следната транша од кредитот од ММФ без која државата нема да може да ги исплати платите, пензиите и социјалните давачки на граѓаните.
Меѓутоа, денешниот состанок на претседателот со партиските лидери во исто време е и потег со висок политички ризик. Доколку не биде постигнат консензус, премиерот Папандреу ќе мора да преземе друг политички чекор. Можни сценарија се: констатација дека се искористени сите расположливи политички средства или вонредни избори. Друга можност е распишување на референдум за програмата за економските мерки или, можеби обид Папандреу низ придобивање на одредени политичари, да ја продолжи започнатата програма.
Ситуацијата во Грција е напната, народот е на улица. Грците се плашат од секакво решение, а најмногу од новите владини мерки за штедење.
Секоја вечер во 18 часот на градските плоштади илјадници луѓе протестираат барајќи реформи од владата. Во Атина, Солун и други десетици градови, стотици луѓе на улиците синоќа останале на мирен протест. На плоштадот Синтагма вчера се собрале повеќе од 40.000 луѓе.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *