Дрогба посакува трансфер на “Вајт Харт Лејн”?

9 јуни, 20110
didierdrogba_8654531

Според информациите на англиските медиуми од утринава, Дидие Дрогба сака да си замине од Челзи и во овој преоден рок да се пресели во Тотенхем!

Тој немаше баш сјајна сезона, боледуваше од маларија, пред да го достигне своето ниво.

Кога во јануари во Челзи дојде Фернандо Торес, беше јасно дека е пред крај неговата мисија на ”Стемфорд Бриџ”. Сега Челзи најавува уште засилувања за напаѓачката линија, па речиси е извесно дека 33-годишниот шпиц ќе замине. Покрај него, нов ангажман, би можел да побара и Николас Анелка.

Тренерот на Тотенхем, Хари Реднап, силно го посакува фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска, а наводно самиот Дрогба побарал да биде ставен на трансфер листата, за лондонскиот клуб да го откупи.

Голгетерот е моментално на одмор, а повеќе околу неговиот статус ќе се знае во следните неколку недели.

Извор: Спортнет

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *