Светите браќа Климент и Наум охридски

9 јуни, 20110
naum i kliment

Да не беше мисионерската, учителската и просветителската дејност на св. Климент и св. Наум во Охрид ќе беше речиси загубено и незамисливо мисионерското дело на Светите Браќа. Овие ученици на Св. Кирил и св. Методиј ги ставија темелите на христијанството и на македонско-славјанската писменост во својата татковина Македонија. Свети Климент е првиот македонски духовник, учител и книжевник. Оваа негова дејност била цврсто поврзана со вистинското сестрано христијанизирање на македонците, како и основањето и организирањето на првата македенска епископија во Охрид и областа Кутмичевица. Свети Климент продолжи со преведувањето на светите книги на јазикот на македонците и го основал Охридскиот универзитет, со што отишол чекор понапред од своите учители. Тој извршил и корекција на некои букви од македонската азбука, и ја нарекол кирилица, во чест на својот учител св. Кирил Солунски. Во Светиклиментовиот Охридски универзитет (кој бил и прв универзитет во Европа) се школувале околу 3.500 ученици, од кои многумина биле ракоположени за свештеници, ѓакони и ипоѓакони. Голем број од нив биле испратени на свештенослужителска и проповедничко-мисионерска работа кај повеќето славјански народи, како кај : бугарите, србите, црногорците, чесите, словаците, русите, украинците и кај други народи кои имале сличност со славјанскиот јазик. Во 893 година Свети Климент бил хиротонисан за епископ. Тој е првиот славјански епископ во македонската – Величка епархија. Оваа македонска епископија од страна на црковните историчари со право се смета за прва организирана Црква на Балканскиот Полуостров. Тогашната Бугарска црква, која била организирана по покрстувањето на Бугарите во 864 година, имала латински висок клир.

 

Свети Наум Охридски


По враќањето од Велика Моравија, Свети Наум бил задржан од бугарскиот кнез Борис во манастирот св. Архангел кај Плиска. Таму бил проповедник на христијанството на славјанскиот јазик седум-осум години. Дури, кога Свети Климент е избран за епископ на Дремвицко-величката епархија, тој го условил прифаќањето на ова високо црковно достоинство со доаѓањето на Свети Наум во Македонија за свој соработник. Барањето на Свети Климент царот Симеон, кој што дошол на Бугарија по кнезот Борис, во 893 година го исполнил. Свети Наум по враќањето во Македонија се оддал на испоснички и монашки живот. Го изградил манастирот посветен на Светите архангели Гаврил и Михаил, на другата страна од Охридското езеро – од манастирот св. Пантелемон, во кој служел свети Климент. Овој манастир е изграден во 895 година, а го осветил Свети Климент. Тогаш Свети Наум прима монашки чин. Манастирот подоцна е посветен на него и го носи и денес неговото име. Свети Наум е познат како препишувач и преведувач на проповедничка и друга богословска литература. Со оваа дејност одиграл видна улога во развојот на македонско-славјанската литература и култура. Познат е како голем молитвеник, духовен учител и раководител на монасите. Се смета за основоположник на мастирскиот и монашкиот живот во Македонија и пошироко. Свети Наум бил погребан во својот манстир. Тука и денес се наоѓаат неговите свети мошти. И по својата телесна смрт тој е наш силен молитвеник и чудотворец. Неговите свети мошти се чудотворни. На гробот во манстирот Свети Наум, во Охрид, се случуваат чуда. Светителот и денес му помага и му прави добрини на својот македонски народ и на сите кои со вера му се обраќаат. Лекува болни од разни болести, особено од душевни. Црковната и просветителската дејност била високо оценувана и длабоко почитувана од свештенислижителите и од верниците, така што кон крајот на Џ век Свети Климент и Свети Наум се канонизирани за светители. Не случајно денешната обновена Охридска архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква се нарекува Светилкиментова и го има Свети Климент за свој молитвеник и патрон.

 

Книжевна дејност на Свети Климент Охридски


Точниот број на сите дела и поученија на Свети Климент уште не е востановен. Тие ни денес не се собрани во еден зборник: ги наоѓаме во преписи од XII и XIII век, на кои често како автор се наведува Свети Јован Златоуст, иако според содржината, јазикот и стилот може да се препознае дека автор е Свети Климент. Највероватно тој е автор и на Панонските житија на свети Кирил и на свети Методиј. Негов е преводот на Цветниот триод – богослужбената книга, во која се содржани црковните песни кои се пеат од велигден до Педесетницата. Постои веројатност дека тој е автор на Службата и на Житието на свети Климент, римскиот папа, како и на најстарата служба на Свети Кирил и Методиј.

 

Охридска книжевна школа

По смртта на Свети Климент и Свети Наум книжевната школа ја продолжиле нивните ученици. Тие главно се занимавале со препишување на творбите на светите учители. Многумина од нив останале анонимни, меѓу кои се и составувачите на житијата на своите учители. Ова го навестува анонимниот биограф на Свети Наум во Првото житие, каде се вели дека по наредба на Деволскиот епископ Марко, се Зафатил со пишување на житијата на охидските светители и просветители. А по повод годишнината од смртта на Свети Климент еден друг автор составил Служба, мошне поетска, која претставува ретко убав споменик на нашата книжевност во овој ран период. Меѓу непосредните ученици на Свети Климент и на Свети Наум е Константин Презвитер, подоцна епископ Преславвски. Тој е познат по неговите творби ,,Азбучна молитва,, и ,,Проглас кон Светото Евангелие,,. Негови се и делата ,,Поучно Евангелие,, и преводите на четирите слова против аријанството од Свети Атанасиј Александриски. ,, Катехизисот на св. Кирил Ерусалимски,,и многу дриги. Черноризец Храбар е исто продолжувач на делото на свети Климент и свети Наум. Негови дела се: ,, О писменах,, кое е апологија на македонската писменост, каде ја брани македонската азбука и го заштитувал македонското културно дело. Тој напишал уште ,, Македонските букви се посвети и се повеќе за почит, бидејќи се обработени од свет човек, а грчките ги создале Елините, кои биле незнабошци.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi