Друга страна на приказната за хероите од “Фукушима”-Тоа се бездомници, странци и малолетници!?

21 март, 20110
fukusima5
Нивните имиња се држат во најголема тајност, а нивната судбина е неизвесна. Веќе со денови нема вести за 50-та од “Фукушима 1“, работници кои наводно доброволно се пријавија да се борат против нуклеарната катастрофа во атомската централа. За светот тие се херои, но вистината за нив можеби е сосема поинаква.
Роберт Хеткемпер, угледен новинар и долгогодишен дописник од Азија на германскиот медиум ARDАРДАРД, кажал сериозни обвинувања за работниците во нуклеарната централа “Фукушима 1“, во емисија на телевизијата ЊДР, пренесува Нетпрес. Тој рекол дека работниците во јапонската нуклеарка, од чии редови се регрутирани и сегашните херои, честопати се бездомници, дека меѓу нив има многу странци, па дури и малолетници.  Тие со години се вработуваат привремено во нуклеарката, а потоа , откако ќе минат извесен работен период и се веќе озрачени, се отпуштаат. “Во Јапнија ги нарекуваат ’работници за еднократна употреба’. Разговарав со еден лекар, кој веќе пдоолго време ја следи оваа ситуација и тој тврди дека станува збор за експлоатирање на бездомници, лица кои немоат да најдат никаква работа“, рекол Хеткемпер. Германскиот нуклеарен физичар од атомската централа кај Карлсруе, Хорст Елгеринг, за истата телевизија рекол дека нема многу надеж за судбината на “50-та од Фукушима 1“. Тој додал дека според она што засега може да се види, се наметнува заклучокот оти нивните изгледи да преживеат им се се’ помали од час во час.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi