Популарниот рапер Џеј Зи мисли дека неговата жена супер ѕвездата Бијонсе е новиот Мајкл Џексон.
Поточно, тој изјавил „таа е следниот Мајкл Џексон“.
Раперот и бизнис магнатот Џеј Зи верува дека неговата сопруга ги има истите квалитети како Мајкл Џексон.
„Она што го научив од неа, е слично со она што го научив од кралот на поп музиката Џексон“, знам дека е можеби еден вид богохулење да се споредуваат, бидејќи Мајкл беше пред се иноватор, но мислам дека таа е следна која ќе ја достигне популарноста која ја имаше тој“, изјавил 41 годишниот рапер.
„Таа е како машина и едноставно ве тера и мотивира да работите понапорно“, додал Џеј Зи.
Славната двојка се во брак од 2008 година, а веќе неколку пати се прогласувани во листата на најбогати славни парови од музичката индустрија.