
Американската пејачка Ејми Вајнхаус го одложи објавувањето на својот трет албум, бидејќи сака да се посвети на рехабилитација и лекување на зависноста од алкохол, објавува магазинот “People”.
“ Ејми конечно го заврши својот нов албум. Останува само да се одреди датумот за да се пушти во продажба. Но тоа нема да се случи во блиска иднина, бидејќи таа е на рехабилитација. За сега нема информација кога ќе се објави“ , изјавува близок пријател на Ејми.
Менаџерот на Ејми Вајнхаус потврдува дека таа е вклучена во рехабилитациона програма со цел подобро да се подготви за летна турнеја. Својот прв албум “Frank”, таа го објави 2003 година, ни останува само да се надеваме дека ќе го слушнеме и овој албум од Ејми Вајнхаус.