За или против облини

30 мај, 20110
photos-of-thin-and-fat-girls

Професијата на моделите никако не подразбира вишок на колограми или наслаги од целулит. Виткоста отсекогаш е еден од главните критериуми за оваа професија. Но сосема спротивно од тоа што го мислат луѓето, почнувајќи од Мерлин Монро до Кејт Мос, модните трендови секако дека се за девојките со облини. Трендовите се менуваат и кога е сексипилот во прашање. На самиот врв е голема гужва и недефинирана состојба. И додека дел од филмската индустрија сеуште пропагира женственост, модната индустрија е отидена во друг смер – коски, ребра и испиен изглед популарни повеќе него било кога.

Во некоја сезона е популарно “ковчесто” тело, а во друга женствено тело со облини. Имало и периоди кога подеднакво добро проаѓале и двата типа во 80-тите години.

Како и да е, топ моделите може да бидат богато надарени или рамни како даска, а притоа ниедна озбилна социолошка теза да неможе да објасни зашто одреден тип е моментално најпопуларен. Така е тоа во модата.

Но, едно е сигурно, единствена работа која не излегува од мода е самодовербата. Ковчести или добро пополнети, ако го негувате своето тело и сакате онакво какво што е, секогаш ќе бидете во тренд и секоја модна сезона ќе пронајдете парчиња кои совршено ке изгледаат на вас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi