Германија до 2022 ќе ги исклучи сите нуклеарни реактори

30 мај, 20110
MINOLTA DIGITAL CAMERA

Германската владејачка коалиција се согласила до 2022 година да ги исклучи сите свои нуклеарни реактори и со тоа земјата да стане првата индустриска сила која се откажала од нуклеарна енергија, јавува “Дневник“, пренесува Нетпрес.
Одлуката ја објавил министерот за заштита на околината Норберт Ротген по повеќечасовниот состанок на владејачката коалиција кој траел до раните утрински часови.
Германија има 17 реактори, а Ротген изјавил дека осум од нив, најстарите, кои престанале да работат од безбедносни причини кога се случи несреќата во јапонската Фукушима, нема повеќе да проработат.
Шест други реактори ќе престаната со работа до 2021 година, а преостанатите најмлади германски нуклеарки ќе престанат да работата година подоцна.
“Ова е конечна одлука. Нема да има ревизија“, изјавил Ротген. Германија со нуклеарките покриваше 23 отсто од своите потреби за електрична енергија и до 2022 година ќе мора да најде алтернативен начин за да може да надомести.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi