Економска криза во Јапонија, компаниите се затвораат, поскапува извозот

14 март, 20110
japan01

“Тојота“ и “Нисан“ го намалиле производството на автомобили во сите 20 јапонски погони по разорниот земјотрес и цунамито што во петокот ја погоди Јапонија, а целата јапонска економија се лизга во рецесија, пишува британскиот “Гардиан“, пренесува НетПрес.

“Тојота“, најголемиот светски производител на автомобили, ги евакуирала работниците од две свои компании во најпогодените региони и сеуште не успеала да дојде до разорените подрачја како би ја утврдила штетата. Компаниите на “Тојота“ годишно произведуваат до 420,000 мали возила, главно за извоз. Ништо подобро не е и во “Хонда“ на која од три производни погони два и понатаму се затворени.

Не е само автомобилската индустрија во криза. Фармацевтските и прехрамбените гиганти “ГлаксоСмитКлајн“ и “Нестле“ исто така го намалиле производството во Јапонија, додека “Сони“ соопштил дека престанале со работа во осум свои погони.
Во Јапонија од петокот се затворени стотици компании, а вистинските размери на кризата ќе се знаат набрзо, можеби и денес. Јапонската народна банка најавила милијарди јени од таканаречената сметка за земјотрес, како би се спречил колапсот на моментално кревката национална економија.

Аналитичарите велат дека приоритет на Народната банка е да им овозможи на комерцијалните банки “меки“ кредити, како би ги осигурала да не останат без готовина кога клиентите од погодените региони ќе почнат да ги подигнуваат своите заштеди. Се очекува дека централната банка  ќе пушти во промет повеќе пари од вообичаеното како би го спречила растот на јенот кој од петокот не застанува.

Јапонските компании и инвеститори убрзано се ослободувале од доларите и другите странски валути, подготвувајќи се за обнова на домашната економија што ќе ја подигне вредноста на јенот. Тоа би можело да го поскапи извозот на светски познатите јапонски брендови, од автомобили до електроника.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi