Експлозија во “проколнатата“ фабрика која го произведува “iPad2“

21 мај, 20110
o
Во експлозија во кинеската фабрика во која се произведува популарниот “iPad2“ загинале две, а повредени се 16 лица.
Кинеските власти истражуваат која е причината за експлозија во фабриката “Фокскон“ во градот Ченгд .
“Производството ќе биде сопрено до крајот на истрагата“, се вели во соопштението на фабриката. Во зградата на фабриката во која се случила експлозијата имало околу стотина вработени.
Минатата година се зборувало со лошите услови кои владеат во фабриката “Фокскон“,а некои медиуми наведуваат дека тоа и главната причина за серијата самоубиства на работниците. Имено, во последно време дури 13 работници во фабриката починале извршувајќи самоубиство. Компанијата од тој момент интензивно работи на подобрување на условите за работа.
Некои сметаат дека причина за посегнување по сопствениот живот на работниците е последица на масовна хистерија која се проширила меѓу помладите работници во фабриката,а  други сметаат дека вината е на модерниот кинески начин на живот.
Самоубиствата станале честа појава, па затоа блогерите фабриката ја нарекле “Експресно самоубиство“, додека нејзините менаџери воспоставиле телефон за психијатриска помош и вработиле свештеник чија задача била да им ја врати довербата на вработените.
“Фоксон“ е една од најголемите светски фабрики која произведува компјутерски компоненти и производи за познатите “Ејпл“, “Сони“ и “Нокиа“, а во Кина се вработени околу еден милион работници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *