‘Ел Класико’ – полиција на секој чекор!

27 април, 20110
v

Повеќе од 1.700 полицајци, членови на обезбедувањето и медицински тим ќе работи вечерва на “Сантиаго Бернабе” на првиот натпревар од полуфиналето од Лигата на Шампионите помеѓу Реал Мадрид и Барселона. Оваа сезона се одиграа веќе три дуели, но и понатаму на снага е одлуката дека овие натпревари се мечеви од висок ризик. Мадридските власти се сретнаа со челниците на полицијата, со делгатите на УЕФА и луѓето кој се грижат за безбедноста на “Сантиаго Бернабе”.

“Сите влезови на стадионот ќе бидат строго контролирани, за да се спречат навивачите да внесуваат било какви предмети” порачаа од полицијата во Мадрид.

Навивачите на Реал се пофалени од страна на властите поради однесувањето на финалето од купот во Валенсија но и во Мадрид. Неколку часа пред големото ‘Ел Класико’ полицијата ќе се погрижи навивачите на Барселона безбедно да стигнат до градот. Во шпанското првенство никогаш не се случило толку навивачи на Барселона да дојдат на стадионот на Реал или обратно, па затоа е јасно поради што безбедноста и ризикот се поголеми.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi