Една од најголемите љубови во шоубизнисот беше онаа на Елизабет Тејлор и Ричард Бартон. И тие самите неколкупати во своите интервјуа изјавуваа дека нивната љубов е огромна иако не завршија заедно. Два пати се разделуваа и венчаа, но сепак на крајот не беа заедно.
Елизабет примила многу љубовни писма од Ричард, а многу од нив биле преточени во книга. Но, едно писмо кое таа го добила од него уште во 1984 година, кое го напишал пред неговата смрт, никој го нема прочитано освен Елизабет. Таа се до нејзината смрт не се одделила од писмото и побарала да биде закопана со него, и нејзината желба била исполента.