Елизабет Тејлор ќе биде закопана до Мерилин Монро

24 март, 20110
grobnetejlor
Вечното почивалиште на Елизабет Тејлор ќе биде на гробиштата “Пирс Брадрс Вествуд Вилиџ Мемориал Парк“ покрај нејзините родители Францис и Сара, а исто така е во близина и на уште една незаборавна филмска дива Мерилин Монро.
На овие гробишта се закопани многу познати личности, вклучувајќи ги и Натали Вуд, Роја Орбисон, Фара Фосет, Дин Мартин и Мерв Грифин.
Славната американска актерка Елизабет Тејлор почина вчера на 79-годишна возраст во медицинскиот центар “Синај“ во Лос Анџелес, откако срцето престанало да и работи. Таа пред два месеци била хоспитализирана во овој медицински центар, токму поради проблеми со срцето.

Во својата богата актерска кариера славната Лиз Тејлор сними над 50 филмови, а на два пати беше добитник на Оскар.
Покрај глумата, актерката беше позната по својата убавина, но и по својот бурен љубовен живот, имаше осум бракови, а двапати се мажеше за глумецот Ричард Бартон.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *