Ер бас принудно слетал во Сингапур заради пожар

16 мај, 20110
0
Патничкиот авион Ер бас А-330-300 принудно слетал во Сингапур откако еден од неговите мотори бил зафатен со пожар, а во инцидентот никој од патниците не е повреден, пишува “Бета“, пренесува НетПрес.
Авионот од аеродромот Чангија полетал кон главниот град на Индонезија, Џакарта, но после 45 минути во воздух се вратил повторно на копно заради проблеми со моторот.
Пожарникарите го изгаснале пожарот и еден час подоцна на пистата бил воспоставен нормален сообраќај.
Но, не се наведува колку патници имало во авионот и каков вид на мотори имало леталото.
Компанијата “Кетвеј Пацифик“, од Хонг Конг, која го користела авионот не била достапна за коментар.
Ова е втор пат за шест месеци патнички авион на Ер бас принудно да се спушти во Сингапур заради проблеми со моторите.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi