Според информациите на островските медиуми, трансферот на англискиот репрезентативец од Астон Вила во Манчестер Јунајтед е практично завршена работа.
Офанзивниот играч за врска ја прифатил понудата за плата од 130.000 фунти неделно и би требало да потпише договор на пет години, додека на клубот од бирмингем ќе му бидат исплатени 16 милиони фунти на име отштета.