ЕУ покренува истрага против Facebook

10 јуни, 20110
0406-OFORGOTTEN-facebook_full_600

Воведувањето на новите функции на Facebook, базирани врз новата технологија на препознавање на лице, е предмет на истрага која ќе ја спроведе Европската Унија.

Имаено, од Facebook новата функција, која овозможува препознавање лица од поставени фотографии и сугерирање на имиња на оние кои се наоѓаат на неа, се однесува на можноста на сите корисници да го прават тоа. Доколку пак, корисниците не сакаат нивното име да се појавува на тој начин, ќе мораат сами да ја исклучат опцијата.

Немало никаква посебна најава дека функцијата ќе биде овозможена глобално за сите што се корисници на социјалната мрежа, пред неколку месеци беше достапна исклучиво само на корисниците во Америка, а повеќето од нив не ни знаеле дека таа е достапна за употреба. Многу различни компании и групи се јавиле за заштита на приватноста и го осудиле овој чекор и новата функција на Facebook.

Разбирливо, осудата стигна и од ЕУ, поточно Џерард Ломел од работната група за заштита на податоци која ги собира членовите на 27 држави членки на ЕУ, рекол дека за ова ќе се спроведе истрага, со цел да се утврдт евентуални прекршувања на законот.

“Означувањето на луѓето од фотографиите мора да биде заснова исклучиво на принцип на нивна согласнот и не смее да се активира стандардно“, изјавил тој, истакнувајќи дека ова ќе донесе многу ризици за корисниците.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi