Лековитоста на копривата

popara10 јуни, 20111min00
naslovnakoprivacaj

Копривата уште од многу оддамна се користи во народната медицина. Позната е како лек за многу болести и решение за многу проблеми. Тоа е билка која се користи за зајакнување на имунитетот. Копривата е одличен диуретик. Се препорачува да се пие чај од коприва за решавање на проблемот на задржување на вишок течности, а со тоа и токсини во организмот.

Чајот од коприва ги смирува воспаленијата на мочниот меур, како и инфекциите. Доколку имате проблеми со столицата, надуеност и мачнини пијте чај од коприва.

Особено се препорачува на жените кои имаат обилни менструации. Оваа билка го зголемува и лачењето на млеко на жените кои дојат.

Не смееме да заборавиме да споменеме и дека копривата се користи и во козметиката. Таа е одлична за нега на коса. Ефикасно го спречува опаѓањето на косата.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma