
Актерката Ева Лонгорија уште додека беше во брак со кошаркарот Тони Паркер отвори ресторан кој се вика “Beso”. Во него се приготвуваат јужно-американски и мексички рецепти. Сега таа реши да го објави своето прво издание на готвач, во кој ги има рецептите на јадењата кои ги нуди нејзиниот ресторан. Првиот готвач на Ева е наречен “Кујната на Ева”.
Лонгорија која моментно се забавува со Едуардо Круз веднаш се пофали со своето дело на Facebook профилот.