Очајната домаќинка Ева Лонгорија денес го прославува својот 36-ти роденден, но прославата започна уште пред два дена. Таа направи забава на која ги покани своите пријатели меѓу кои беа Ким Кардашијан, Хајди Клум, а условот за гостите да бидат присутни беше, да бидат облечени во стилот на 20-те.
Ким Кардашијан не издржа а да не стави некоја од фотографиите на својот Твитер профил на кој напиша дека го обожува стилот на 20-те, и дека одлично поминала на роденденската забава на својата другарка Ева.