Европол: Македонија е централен дел за шверц на наркотици во ЕУ
Во најновиот извештај на Европол за организираниот криминал на Балканот се оценува дека регионот е централен дел за шверц на наркотици во и надвор од Европската унија, а мултинационалните криминални групи се концентрирани во Македонија, на Косово и Албанија, а дел од средствата се издвојува за поддршка на вооружените организации како што беше Ослободителната војска на Косово.
Како што се наведува во извештајот, хероинот од Турција и Латинска Америка се складира во овој регион пред да се транспортира во ЕУ додека марихуаната која се продава во ЕУ се одгледува токму во овој регион.
Од друга страна, хемиските наркотици кои се произведуваат во ЕУ патуваат во спротивен правец во овој регион.
Се наведува и пример дека контејнерите со кокаин кои минуваат низ северните и југозападните пристаништа истоваруваат во црногорските пристаништа за да потоа ги испратат на пазарот во ЕУ.
Извор: Нетпрес