Стресот придонесува за успех во животот?

5 мај, 20110
Stress-270409

Британските истражувачи откриле дека стресот и грижите може да придонесат за успех во животот. Британските експерти ги локализирале центрите за грижа во мозокот, што им помага на луѓето да ги преживеат и надминат стресните ситуации кои доаѓаат со секојдневниот живот. “Грижата и секирациите можат да бидат клуч за успех во животот и прв чекор да се соочиме со проблемот“, рекол Адам Перкинс од Кралскиот колеџ во Лондон.

Чуствата како што се, грижење или анаксиозност може да бидат доста непријатни, но исто така тие се и одбранбен дел од реакциите кај луѓето, изјавил Перкинс. Дури кога овие чуства стануваат големи и поизразени, можеме да зборуваме за некаков вид болест, додал експертот.  Според него грижата и анаксиозноста помагаат во оценување на потенцијалните закани, пред да настапи стравот.

Поголемиот дел од луѓето страдаат од средно ниво на стрес. Тие се грижат за пари, деца и секојдневни работи и проблеми, но нивната загриженост не влијае врз секојдневниот живот. Напротив, анксиозноста може да има некои позитивни ефекти “, вели Перкинс.

“Анаксиозноста неможе да донесе среќа, но може да донесе успех, особено ако се комбинира со интелегенција“, изјавил Перкинс. Луѓето кои се грижат имаат висок коефициент на интелигенција имаат тенденција да бидат визионери, креаторите и пронаоѓачи.

Перкинс вели дека целта на неговото истражување да се подобри дијагностиката и лекувањето на анксиозноста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi