Од деветнаесте земји кои се претставија на втората полуфинална вечер во Дизелдорф, на овогодинешниот избор за најдобра песна во Европа, се квалификуваа 10 кои ќе настапат во финалето, кое ќе се одржи на 14 мај. На втората полуфинална вечер настапуваше и нашиот претставник Влатко Илевски, со песната “Русинка“, но не успеа да влезе во финалето.
Победниците на втората полуфинална вечер се:
- Естонија (на финалето ќе настапи под реден број 8)
- Романија (реден број 17)
- Молдавија (реден број15)
- Ирска (реден број 6)
- Босна и Херцеговина (реден број 2)
- Данска (реден број 3)
- Австрија (реден број 18)
- Украина (реден број 23)
- Словенија (реден број 20)
- Шведска (реден број 7)
Можете да ги проследите песните од втората десетка која успеа да влезе во финалето.