Facebook има 700 милиони корисници?

2 јуни, 20110
facebook_1

Според пишувањето на порталот SocialBakers, социјалната мрежа Facebook е се поблиску до 700 милиони корисници, со најголем  раст на бројот на корисници од Бразил.

Според податоците кои ги има објавено овој сајт, од Бразил, во мај имало дури 1,9 милиони нови корисници, додека од Индонезија Facebook добил 1,5 корисници и 1,3 милиони корисници од Филипини.

Бројката од пола милијарда активни корисници официјално беше објавена минатата година, а ако се земе предвид големата популарност на оваа социјална мрежа, податоците од 700 милиони може да бидат точни.

Сепак од Facebook овие податоци се уште ги нема потврдено.

На списокот земји од кои во текот на минатиот месец дошле највеќе нови корисници се Мексико, Аргентина, Индија и Египет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi