Facebook му го спаси животот

11 април, 20110
bubreg_384977S1

Милиони луѓе ја користат социјалната мрежа Фејсбук за онлајн дружење со пријателите или пак со странци. Но еден американец, по пат на социјалната мрежа тргна во потрага по бубрег. За среќа, храбриот американец и успеал во тоа. Преку оваа социјална мрежа тој успеа да му се донира орган од странец. 35 годишниот Џеф Курз од Мичиген никогаш во животот го немал видено Рики Циско, но сепак овој тотален странец за него му го спаси животот. Едниот бубрег на Џеф почнал да се распаѓа, а леакрите не биле сигурни дали тој ќе преживее од 3 до 5 години, бидејќи толку се чекало на листата за транспантација и барање донатор на орган. Затоа неговата сопруга Рокси одлучила на Фејсбук да објави апел за да го спаси животот на својот сопруг. Апелот бргу почнал да се шири, со голем број на добронамерни луѓе. Се додека тие не стигнаа до Рики, кој без двоумење и дилеми одлучи да го спаси животот на непозната личност. Трансплантацијата била изведена на 30-ти март, во Бомонт болницата во Ројал Оак во Мичиген. Примателот и донаторот на органот добро се опоравувале од операцијата, потврдиле докторите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *