Facebook почна да губи корисници?

13 јуни, 20110
fb

За прв пат од 2004 година од кога е лансирана социјалната мрежа Facebook, забележано е пад на бројот на корисници во одредени држави.

САД и Канда од мај оваа година даваат вкупно 7,5 милиони корисници помалку. Иако бројот на корисници од овие земји е понатаму висок, околу 50%, интересен е податокот дека за прв пат во одредени држави е забележан пад.

Иако на глобално ниво Facebook и понатаму е во плус, благодарение на земјите со висок број на корисници како што е Бразил, вкупниот раст е помал за разлика од минатите месеци.

До пред два месеци, просечниот пораст изнесуваше околу 20 милиони нови корисници, месечно, во споредба со минатата година, за да сега во април оваа година има 13,9 милиони нови корисници, а во мај само 11,8 милиони.

Дали овој спорт или забавен раст или пак падот во одредени земји е заслужна само презаситеноста на оваа мрежа, или пак корисниците одлучиле да ја напуштат социјалната мрежа поради константните проблеми со приватноста на своите профили, за сега не е познато. Доколку податоците кои ги обајви Inside Facebook gold се точни, оваа мрежа може многу покасно од што се очекуваше да стигне до милијардитата цифра на број на корисници.

Во почетокот на јуни имаше 687 милиони корисници,  наведено е на сајтот на Inside Facebook gold.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *