Американските парламентарци не доцнеа со реакцијата на информацијата од софтверскиот производител Симантек, кој посочи на пропустот на социјалната мрежа, дека дозволила пристап до профилите на корисниците на таа мрежа и на нивните лични податоци, јавија француските медиуми.
Двајца членови од американскиот конгрес Едвард Маркеј и Џо бартон испратиле писмо на извршниот директор на оваа социјална мрежа, со цел тој да го објасни настанувањето на овој пропуст.