Фељтон: Принцови на столетието, “Ferrari”

13 јуни, 20110
11989_ferrari_mythos-11

Комерцијални автомобили

Првото возило на Ферари бил 125 S, спортски, тркачки модел. Во 1949 година е произведен моделот Ferrari 166 Inter, тоа е првиот потег на компанијата за продажба на сериски возила на големиот пазар, кој продолжува се до денешен ден.

Ferrari 166 Inter

 

На самиот почеток неколку автомобили биле опремени со каросерија од фирмите како што се Pininfarina, Zagato и Bertone.
Моделот Dino е првиот автомобил со mid-engine V8 мотор , подоцна и овој концепт ќе се користи на повеќето Ферари модели од 80-тите и 90-тите години. V8 Ферари моделите го сочинуваат повеќе од половината од вкупното производство на познатата марката автомобили.
Подоцна се направени и 2+2 верзии на mid-engine V8 автомобили, тие биле сосема  различни од нивните модели со 2 седишта, Моделот GT4 и Mondial биле тесно поврзани со моделот 308 GTB.

Ferrari 308 GTB

 

Компанијата исто така произведувала и предни 2+2 мотори за нивните модели како што се 612 Scaglietti и California.
Ферари во моделите Berlinetta Boxer  во 1973 година, и подоцна Testarossa започна со поставување на mid-engine V12 мотори. Да потсетиме дека Testarossa е еден од најпознатите модели на Ферари.

Супер автомобили

Напорите на компанијата биле да влезат во пазарот на супер автомобили. Во 1962 година, моделот 250 GTO се смета за прв супер автомобил на компанијата Ферари, подоцна се произведени моделите Enzo Ferrari и последниот FXX модел.

Ferrari Enzo

 

Концептни автомобили
Ферари има изработено голем број на концептни автомобили, еден од нив е моделот Ferrari Mythos. Некои од нив биле и прилично радикални модели (како на пример Ferrari Modulo) кој никогаш не влегол во производство, додека други модели како на пример Ferrari Mythos дел од концептот на овој модел се применува и во производните модели.
Најнов концепт на автомобил произведени од Ферари е моделот Ferrari Millechili од 2010 година.


Ferrari Mythos

Ферари исто така произведувал и модели по специјални нарачки за многу богати муштерии, еден таков модел е Ferrari P4/5.
Ферари има учествувано во специјални проекти во соработка со познати фирми како Fioravanti, Pininfarina, и Zagato, кои изработувале свои модели користејќи ја структурната база од моделите на Ферари. Првиот автомобил од оваа програма е моделот SP1, а втор таков автомобил е моделот P540 Superfast Aperta.

Био-гориво и хибридни автомобили
Ферари се стреми за производство и на хибридни автомобили. Моделот F430 Spider работел на етанол и бил прикажан на саемот во Детроит во 2008 година. Од Ферари најавиле дека со производство на хибридни автомобили ќе започнат до 2015 година.

F430 Spider

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi