Фергусон: Сосема е нормално Барселона да ја наречам фаворит

23 мај, 20110
alex-ferguson_84103

Легендарниот “Вембли” во сабота ќе биде доамќин на финалниот меч од Лигата на Шампионите. Токму како и пред две години за титулата првак ќе се борат Барселона и Манчестер Јунајтед.

Поради формата и резултатите фаворити на хартија на тој дуел се фудбалерите на Каталонците, што го потврдил и тренерот на Јунајтед, Алекс Фергусон.

“Мислам дека е сосема логично Барселона да ја наречам фаворит на тој меч. Никој не играше во таква форма сезонава и имаат многу фудбалери кои се секогаш при самиот врв во последните избори” – рекол Фергусон, но на се тоа додал:

“Меси е посебен фудбалер, но никој не смее да заборави дека и ние имаме такви креативни играчи кои сами можат да си подготват шанса себе си и на другите. Таков е Руни, такви се Хернандез, Нани и Валенсија. Сакам да кажам дека и кај нас постои против тежа на Меси, Џави, Иниеста и останатите”.

Фергусон додал:

“Барселона игра со топката в нозе, но подеднаков таков притисок прави и кога не ја поседува. Ние мора да играме како Манчестер Јунајтед, како што веќе се навикнавме, па на крајот треба да очекуваме многу интересен натпревар.”

И според обложувалниците, Барселона е фаворит во пресрет на финалниот дуел од ЛШ. Коефициентот дека Барселона ќе слави во регуларните 90 минути изнесува 1,90, додека за триумф на Јунајтед коефициентот е 3,80.

Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi