Flexbook –компјутер на иднината

22 август, 20110
flexbook1

Ова пред вашите очи не е ништо друго туку новиот флексбук (flexbook), концептуална замисла на дизајнерот Хао-Чун Хуанга од Тајван, кој ни го претставува неговиот изум: пренослив, повеќенаменски компјутер.

Со водоотпорна тастатура и сооднос на страничните екрани од 21:9, флексбукот е совршен за носење, а има и огромен дијапазон на употреби. Овој лаптоп со флексибилна структура може да се спакува во серија конфигурации, а екранот кој е чувствителен на допир и може да се ротира под агол од 180 степени нуди разни опции кои можат да се изберат, вклучувајќи лаптоп режим и таблет режим на употреба.

Овој концепт влегол во потесниот круг од преку 1000 доставени изуми од ваков тип на конкурсот објавен од „Fujitsu“ во соработка со компанијата „Designboom“. Кандидатите за наградата на компанијата за дизајн ги доставуваат своите иновации на тема: „Живот со компјутерите на иднината“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit