
Кога Џастин Бибер и Селена Гомез отидоа на одмор, заборавија на криењето и постојано беа еден до друг разменувајќи си сочни бакнежи и прегратки. Папараците имаа многу работа, секојдневно следејќи ги по плажите.
Џастин убаво се грижи за својата избраничка, 18 годишната актерка и пејачка Селена Гомез. Папараците успеале да го уловат Џастин како и ги масира стапалата. По ова, нема потреба да се коментира дали помеѓу младиот пар има љубов.