Жичарницата на Водно се пушта на трети јуни

Од Јавното сообраќајно претпријатие ги повикуваат сите граѓани да присуствуваат на свеченото отворање на жичарницата на трети јуни со почетокот од 15 часот.
Од тој момент започнува да сообраќа и нова автобуска линија на потегот од Транспортнен центар, преку Југодрво до Средно Водно.
По отворање на жичарницата планирана е дневна забава.
Почетната станица ќе биде на Средно Водно а на жичарницата ќе има 28 кабини во бела и портокалова боја со капацитет на кабината за превоз на осум патници како и две ВИП кабини со капацитет за превоз на четири патници. Брзината на движење ќе изнесува шест метри во секунда, а вкупниот капацитет за превоз ќе изнесува 1.200 патници на час.
Проектот вреден 6,7 милони евра го изработиле Министерството за транспорт и врски и проектантската куќа “ИНПУМА“.
Извор: Нетпрес