ФОТО: Каде исчезнаа овие ѕвезди ?

22 јуни, 20110
Canadian actress Neve Campbell poses during a photocall in Cannes
Многу холивудски актерки ги снема од големото платно. Иако зад себе имаат сјајни улоги во мега популарни филмски хитови, едноставно повеќе не се занимаваат со актерство.
На прво место на листата на големите филмски имиња кои потонаа во заборав во последните неколку години е Вирџинија Ледојен, партнерката на Леонардо Ди Каприо во филмот “Плажа“.  Изненадувачки по овој мега филмски хит, кариерата на француската убавица почнува да се распаѓа и таа се појавува во мали споредни улоги во “Осум жени“ и “Се’ блеска“.
На второ место е другата партнерка на Ди Каприо – Клер Деинс. Откако глумеше со него во современата верзија на “Ромео и Јулија“, актерката се обиде во шоубизнисот во серијалот “Мојот таканаречен живот“, но осудена на споредни улоги, таа набрзо се откажа од оваа кариера.
На трето место е Нив Кембел, која се прослави со серијалот “Врисок“, но после главните улоги во овој хорор филм, таа ретко може да се забележи на големите екрани во кино салите.
На четврто место е Кристина Ричи, која стана популарна со улогата во “Адамсови“, но нејзините улоги во наредните филмови повеќе не беа интересни за киноманите.
На петтото место е ѕвездата од мега популарниот филм “Валкан танц“, Џенифер Греј. Таа направи пластична операција, по која неможеа да ја препознаат ни фановите. Греј беше првиот случај во современото кино, каде пластичната операција не беше во полза на актерската кариера.
На оваа листа се најде и споругата на Том Круз, Кејти Холмс. По големата пауза, таа се појавува во биографскиот филм за претседателското семејство Кенеди.
Следува поранешната холивудска бунтовничка, Џулиет Луис. Во минатото беше позната по култната улога во “Родени убијци“ и по нејзината врска со Бред Пит. Таа, полека но сигурно потонува во заборав.
Тажна е и судбината на Сара Мишел Гелер. По појавувањето во култните хорор филмови “Врисок“ и “Знам што направи минатото лето“, младата актерка не доби ниту една сериозна улога со која би ја импресионирала публиката за да ја засака.
На претпоследното, девето место е поранешната муза на режисерот Дејвид Линч, Лора Дерн, која по улогите во “Сино кадифе“, “Диви во срцето“ се појави во мега хитовите “Џурасик парк“ и “Совршен свет“. Овие улоги наместо да ја однесат на врвот на листата на Холивуд, ја однесоа директно во категоријата актерки кои по успешниот почеток на кариерата не станаа ѕвезди.
На десетото место е Винона Рајдер, за која во последно време се зборува дека е клептоманка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi