Франција ги забрани Facebook и Twitter во медиумите

7 јуни, 20110
le_monde

Француската регулаторна агенција за медиуми го забранила спомнувањето на имињата на социјалните мрежи Facebook и Twitter на сите телевизиски и радио станици, освен доколку тие не се предмет на некои новински извештаи.

Одлуката се спроведува со повикување на законските одредби од 1992 година, според кои користењето на овие услуги на интернет претставува реклама.

Портпаролот на француската регулаторна агенција, Кристин Кели, објаснила дека спомнувањето на имињата на друштвените мрежи, на овие компании кои се вредни повеќе од милијарди долари, им дава предност во однос на сличните сервиси кои се борат за своето место на интернет.

Меѓутоа, познатиот француски блогер, Метју Фрејзер, оваа забрана ја објаснува како традиционален француски протекционизам кога станува збор за ширењето на американската култура.

Во Франција инаку, уште од 2003 година во комуникација помеѓу државните институции е забранета употребата на зборот “e-mail”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi