Хју Хефнер отвори нов “Playboy” клуб со своите секси зајачици

Хју Хефнер, за време на викендот беше во Лондон на отварање на уште еден “Playboy” клуб во центарот на градот. Со себе тој ја понел и својата идна сопруга Кристал Харис, но тоа не го спречило да позира во друштво на секси зајачиците кои ги привлекоа погледите на отворањето.
Облечени во црни чорапи и корсети со британското знаме, зајачиците нежно се смешкле и спремно се фотографирале во друштво на стариот плејбој. Нивното појавување им пречело на британските феминистки, кои се собрале пред клубот и протестирале. Со многубројни транспаренти во стилот на “Нашите тела не се на продажба”, водичот на демонстрантите изјавила: “Ова отварање имплицира загрижувачки чекор наназад по прашање на квалитетот на односот на половите. Сексуализацијата и претворањето на жените во објекти како што се зајачиците не е воопшто секси. Тоа е сексизам…”
Демонстрантите го покажале својот став, но Хефнер воопшто не се премислил. Спокојно си продолжил во клубот и објаснил што мисли тој во врска со ова прашање. ” Playboy i Playboy клубовите означија крај на сексизмот. Жените порано биле држени во окови од нивните татковци, а потоа и од нивните мажи. Playboy помогна тоа да се промени. А тоа е суштината на сексуалната револуција”, изјавил Хефнер.