Француската армија ја нападна Либија

19 март, 20110
images
Француски воен авион попладнево околу 18.30 часот по средноевропско време го извршил првиот борбен напад во Либија. Целта биле тенкови на либиските воени сили, лојални на лидерот Моамер Гадафи, јавија светските новински агенции, пренесув Нетпрес.
Борбени авиони од типот “Рафал“ учествуваа и во вториот напад во Либија.
Француската воена авијација претходно денеска почна со патролни летови над либиското небо, за обезбедување на зоната за забрана на летови над Џамахиријата, за која резолуција завчера донесе Советот за безбедност на ООН.
Истовремено, додека Франција ја бомбардира Либија, борбени авиони на шпанската армија од типот Ф-18 се во состојба на готовност за дејствување, а во водите на Средоземното море британски воени бродови го држат под блокада либиското крајбрежје.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi